Сакате вашите усни да ги ставите во преден план и да постигнете природен, а неодолив изгед, потрудете се тоа да го постигнете со помош на следните совети.

Чекор 1
Нанесете балзам на усните. Избегнувајте ги оние кои содржат васелин, затоа што карминот нанесен над него лесно ќе се избрише. Најдобро е да изберете некој со природен состав. Наместо брзото нанесување со стикот, балсамот нанесете го со врвот на прстите. Оставете да се в пие неколку минути.

Чекор 2
Карминот исто така нанесете го со врвот на прстите. После тоа нанесете сјај за усни. Со прстите ублажете ги рабовите.
Чекор 3
Кога сте готови со нанесувањето на бојата, лесно бакнете ја својата рака. На тој начин ќе го отстраните вишокот на кармин на усните, со што ќе се спречи негово размачкување надвор од рабовите. После тоа, споете ги усните, за да се изедначи бојата.
|