
Шминката на лицето понекогаш знае место да ве разубави, да ве направи да изгледате постари. За да го избегнете тоа послушајте ги нашите совети.
Доколку сте постари користете пудра за зрела кожа, таа нема дополнително да ви ги истакне брчките.
Немојте да користите Eye liner, неместо со него, исцртајте ги очите со сенка во прав која ќе ја нанесете со тенка четкичка.
Умерено кубете ги веѓите, доколку претерате ќе изгледате постари.
Не претерувајте со руменилото.
Избегнувајте моливи за уста и темни мат кармини.
Бонус
Никогаш не ја прескокнувајте дневната нега на лицето, навечер отстранувајте ја шминката и нанесувајте богата хидратантна крема.
|