Процесот на разредување на масните наслаги, побрз е во текот на ноќта. Повеќето од козметичките производи за борба против целулитот го следат природниот ритам на поткожните ткива, па навечер, додека спиете, активните состојки од тие производи, додатно го поттикнуваат процесот на разредување на маснотиите. Идеално е после вечерното бањање, да се посветите на отстранувањето на целулитот и вишокот наслаги. Нанесете антицелулитен крем и крем за подобар тонус на кожата на критичните делови на вашето тело. За сега тие се производите, заедно со редовно вежбање, пливање и движење, се единствено решение на неубавите наслаги. Но, постојат и неколку домашни трикови кои можат уште повеќе да ги подобрат резултатите. Не се туширајте и не се бањајте со претопла вода, бидејќи е штетна за циркулацијата, а лошата циркулација е погодна за создавање целулит. Наизменично туширајте се со топла и ладна вода, со тоа ќе ја подобрите циркулацијата и ќе го отстраните целулитот. Добар домашен рецепт против целулитот е и цврста масажа на загрозените делови од телото. При тоа можете да искористите и ракавица за антицелулитна масажа.
|