Дневната крема за лице, иако може да има висок заштитен фактор, не е доволназаштита од сонцето ако одите на плажа или на базен.

Дневните креми немаат иста функција како кремите наменети за заштита од сонцето. И покрај тоа што може да имаат висок заштитен фактор, нивната главна намена не е заштита од сонце. Производите за на плажа имаат заштитни филтри и се со подобри перформанси, како на пример водоотпорност.
Дневните креми со заштитен фактор се наменети за случајно изложување на сончевите зраци, а кремите за сончање за намерно изложување. Секогаш користете ги производите само за тоа што се наменети.
|