Понекогаш состојките од кујната можат да му помогнат на вашето лице да се освежи исто, ако не и подобро, од купените скапи препарати.
Пробајте ја оваа маска за борба против акни.
Отстранете ја кожата од доматот (оставете ја една минута во жешка вода и кожата полесно ќе се отстрани) и ¼ од доматот помешајте го со
1 лажица јогурт
1 лажица алое вера
4 капки етерично масло од ментол
Од состојките направете хомогена смеса и нанесете ја на лицето. Оставете ја да делува околу 10 минути, а потоа измиете ја со топла вода.
 |