Како што некои од пороците многу допринесуваат за појава на целулитот како цигарите, алкохолот, многу блага или масна храна, нераздвиженоста, како истресот, така и некои начини на однесување и начини на исхрана многу помагаат во борбата против целулитот.
Оваа антицелулитна диета е разнолична и богата со вкусови, а подобрувањето брзо се забележува. Овозможува слабеење на местата каде што е потребно. Иако внесот на калории се ограничува на 1200 калории дневно, треба да знаете дека слабеењето не е доволно за целулитот да исчезне. Целулитот се отстранува првенствено со избор на храна и со телесни активности.
Трите елементи, во секојдневната исхрана кои не ги внесуваме доволно се сулфур, калиум и витамин Ц, а помагаат во отстранување наштетните отрови. Храната која ја внесуваме треба да е богата со овие елементи.
Сулфурот се наоѓа во храна богата со животински белковини како што се месо, риба, млеко, сирење и јајца, овозможува отстранување на насобраните токсини.
Калиум го има во млекото, овошјето, житариците, компирот, доматите и помага во отстранувањето на вишокот на течности во организмот.
Витамин Ц го зголемува производството на колаген и го спречува собирањето на масни наслаги во ткивото. Го има во цитрусните овошја, јаготките, дињата, пиперката, брокулата, доматот и зелената салата.

|