Природата ни понудила многу за да го зачуваме здравиот и убав изглед. Следните намирници се многу корисни за одржување на здравјето на кожата и борбата против годините. Ќе се изненадите од тоа што може да се постигне ако повеќе ги внесувате следните намирници.

Портокал – содржи витамин Ц кој е неопходен за заштита на кожата од ултравиолетовото зрачење. Исто така го спречува настанувањето на брчките, со тоа што помага во создавањето на колагенот. Портокалот е најдобро да го јадете на утро, бидејќи на вечер може да ви го отежне сонот.

Сончогледови семки – киселините кои ги содржат помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење. Тоа ја подобрува текстурата на кожата и го спречува појавувањето на пигментации.

Папаја – содржи супстанции кои постепено го отпуштаат витаминот А, кој има антиоксидантно дејство, што го задржува младиот изглед.

Зелен чај – содржи антиоксиданти, кои ја штитат кожата од ултравиолетовите зраци и од слободните радикалии. Оптимално подобрување ќе постигнете со две шолји зелен чај дневно.

Житарици – се богат извор на витамин Б. Помагаат во обновување на кожата и во борбата против кожните инфекции. Внесувањето на житераци ќе го зголемите со тоа што белиот леб ќе го замените со интегрален.

Морски плодови – содржат витамин Е кој е ја лекува кожата од изгоретини рани и слично.

Мед – го стимулира регенерирањето на кожата.

Јогурт – содржи калциум кој што ќе ги одржи вашите заби здрави и бели.
|