Ако ви е косата природно мрсна нема ништо да постигнете со грубо триење на темето додека ја миете. Најдобро би било да земате прамен по прамен коса во дланките и да го втриете шампонот директно само на косата.

Иако е малку чудно, многу од светските фризери препорачуваат косата еднаш неделно да ја миете со негазирана минерална вода. Ќе се изненадите од резултатот.
Производите за зајакнување на фризурата никогаш не ги нанесувајте директно на косата. Прво ставете на дланките и протриете ги. Така ќе успеете рамномерно да ги нанесете на цела коса, а да не ја расипете фризурата или да ви се залепи косата.
Уште еден многу важен совет е тоа како не смеете да ја избегнувате посетата на фризер. Најдобро е да ги отстранувате врвовите секои 7 до 8 недели, во зависност од тоа колку брзо ви расте косата. Косата секогаш треба да изгледа здраво.

|