Редовното аеробично вежбање (трчање, брзо одење, пливање, аеробик итн.), може да го забави биолошкиот часовники и да го одложи стареењето за 12 години.
Физичкото одржување на телото во средните години и покасно, го одложува опаѓањето на снагата на мускулите и рамнотежата во староста.
Вообичаено, кај жените од околу 35 години започнува слабеењето на мускулатурата и слабее секоја деценија потоа, за после 60-тата година секоја активност да постане нетолерантно заморна. Меѓутоа кардиоваскуларниот тренинг, кој ги зајакнува пулсот и срцето, го одложува стареењето и го одржува капацитетот на белите дробови и срцето на подобро ниво. Со редовни вежби во средните години, придобиваме многу во староста.
Редовно вежбање подразбира вежби од 30 мин, 5 дена во неделата.
 |