Кожата треба да се негува цело времe во текот на животот, но не на ист начин. Негата на кожата треба да се менува и прилагодува во зависност од годините.
Цел: за да го спречите оштетувањето на кожата за во иднина, секогаш користете креми со заштитен фактор против штетното делување на сончевите зраци, а со тоа ќе ја спречите појавата на брчки и темни флеки. Предност дајте му на кремите кои содржат антиоксиданти, витамин Ц и зелен чај: тие ги апсорбираат слободните радикалии кои го апсорбираат колагенот и предизвикуваат брчки.
Сет за нега
Влажнење: после чистењето на лицето на утро и на вечер, на кожата секогаш нанесувајте хидратантна крема со антиоксидантно дејство.
Заштита: редовно користете крема која ги блокира UVA и UVB зраците (UVA го поттикнува настанувањето на брчките). Освен што делува хидратантно, важно е и тоа што кремата ги регулира лојните жлезди и го отстранува претераниот сјај, типично за младата кожа.
Нега: два пати неделно правете пилинг на кожата со производи на база на beta-hidroksi киселина.
Дали знаете?
Пушењето и конзумирањето на алкохол, загадениот воздух и прекумерното изложување на сонце, може да ја зголемат опасноста од развој на меланом.
Топ третмани
Младите холивудски ѕвезди се луди за третмани со пулсирачки диоден ласер. LED диодите го спречуваат опуштањето на кожата. Синото светло ги уништува бактериите кои ги предизвикуваат акните, а црвеното го поттикнува произведувањето на колаген.
|