Доколку пред крајот на денот ви опаѓа концентрацијата и работната способност, решение за тоа можете да пронајдете во етеричните масла.
Против умор најдобро делуваат етеричните масла од цимет, бор и рузмарин, а за подобрување на концентрацијата од мандарина.

Неколку капки етерично масло накапете во мирисна лампа наполнета со вода. Доколку ја немате или не ви е при рака, можете да ја замените со стаклена чаша со дебело дно, која ќе ја сместите на радијаторот.
Освен тоа што мирисот ќе ве поттикне во работата и просторот ќе ви биде свеж и ќе мириса убаво.
Немојте да се обидете етеричното масло да го замените со освежувачот за воздух, бидејќи етеричните масла се најконцентрирани течности добиени со специјални постапки од билките, а мирисот опушта постепено и ни малку агресивно.
|