Некоја ги има повеќе, некоја помалку, но никоја не ги сака – влакненцата. Постојат неколку методи на отстранување на влакната, а овие се најчестите.
Бричење
Предност е тоа што бричењето е наједноставна техника за отстранување на влакната. Најпогодни делови на телото за бричење се нозете. Бричот треба да се менува после секое петто користење. Секако не смеете да го заборавите користењето на пена или гел за бричење.
Недостаток, после бричење влакната нараснуваат многу брзо, па треба да ја повторувате постапката секој втор ден. После бричење влакната растат побрзо и се поцврсти.
Отстранување на влакна со пинцета
Предност е тоа што после кубењето влакната растат споро и речиси се невидливи три седмици. Пинцетата е добра само за мали подрачја како образи, над усници и други делови од лицето.
Недостаток на оваа метода е тоа што е болна депилацијата. Секое влакно треба да го отстраните посебно. Нешто помалку болно е со електрична пинцета, која ги загрева и ги отвора порите пред депилацијата.
Електричен депилатор
Предност е тоа што на влакната им треба повеќе време да нараснат и да станат видливи, околу три до четири недели. Функционираат во принципот на повеќе споени пинцети, па отстранувањето на влакната е побрзо отколку со една пинцета. Цената е исто така предност, бидејќи кога ќе го купите еднаш не ви требаат додатни вложување во наредните неколку години.
Недостаток е тоа што депилацијата со електричен депилатор е прилично болна.
|