Сакате ли за секогаш да се ослободите од акните? Ќе ви препорачаме да пробате со природни производи, кои самите лесно ќе ги подготвите дома, без големи трошоци, а кои за вашата кожа ќе бидат сигурно благотворни, без штетни вметнати додатоци.
Започнете со овие преубави прочистувачки пилинзи, пробајте ја маската против акни.
После маската на кожата нанесете немасна хидратантна крема.
Лицето ќе ви биде освежено, а акните ќе се изгубат за краток временски период.
Прочистувачки пилинг од мед:
- 1 лажица мед
- 2 лажици ситно мелени ореви
- 1/2 лажица лимонов сок
Нанесете ја на лицето со нежно триење. Измиете го потоа со топла вода.

Маска од домати против акни:
- одстранете ја кожата, па здробете ¼ домат
- 2 лажици обичен јогурт
- 1 лажица пасирана краставица
- 2 лажици алое гел
- 3 лажици прашак од зобена каша
- 2 ливчиња ментол
Измешајте ја смесата и нанесете ја не лицето. Оставете ја да стои 10 минути, па потоа измиете ја со топла вода.
|