
Кожата навечер најдобро ги искористува активните состојки од козметичките производи, бидејќи најинтензивниот процес на обновување на кожата е навечер. Освен тоа, површинската циркулација е брза, а тоа значи дека активните состојки од средствата за нега брзо ја достигнуваат целта. Тогаш е идеално да посветите малку време на кожата на лицето и ставате си маска. Ако на вашето лице треба да му ја вратите влажноста и да ја смирите кожата, направете си маска во која ќе додадете една капка масло од лаванда, една капка камилица, две капки масло од сандалово дрво и две лажици мед. Ако на вашата кожа му е потребно длабинско чистење, потребно е две капки есенцијално масло, кое е антисептично, продира длабоко во кожата и ги извлекува сите нечистотии. Маслото промешајте го со четири лажици зелена глина и малку чај од камилица. Ако лицето ви е мрсно, испробајте ја оваа маска. Две капки лимоново есенцијално масло, капка масло од сандаловина, капка геранија и две лажици јогурт. Маската на лицето оставете ја од 15 минути до пола час, потоа отстранете ја со топла вода и на лицето нанесете хидратантен крем. Ако сакате до утрото да ги отстраните темните кругови под очите, сварете камилица без шеќер, земете две влажни парчиња газа и ставете ги на капаците на очите. Наутро ќе ја осетите разликата. Можете и на капаците да ставите тенки парчиња од краставица, ќе го добиете истиот ефект. |