За добар пилинг на телото потребно ви е рака морска сол во големи зрнца и лажица масло за масажа. Во солта и маслото додадете малку вода и мешајте додека не настане густа смеса, при тоа солта не треба да се стопи. Истријте го целото тело со солта, почнувајки од стопалата према горе. Триете повеќе на нозете, колковите, грбот, стомакот, рамениците и рацете, а избегнувајте триење на градите и деколтето, бидејќи таму кожата е преосетлива. После тоа, солта треба да се измие со топла вода, а потоа телото да се избрише добро со сува крпа. Ако имате проблеми со затнати пори, пилингот со сол се препорачува еднаш неделно, а инаку еднаш месечно е доволно за детоксикација. Ова е одличен начин да се отстрани мртвиот слој од кожата. Целосно се чисти целото тело и се подобрува циркулацијата.
|