За да го стимулиратепротокот на лимфа, која ги отстранува токсините и го подобрува крвотокот, измасирајте се самите. Ви треба малку авокадово или бадемово масло и неколку капки есенцијално масло. Загрејте го маслото во сад на тивок оган. Кога ќе го тргнете од пламенот, во него капнете од есенцијалното масло. Масажата почнете ја од рацете. Земете на дланките неколку капки од маслото и протриете ги за да ги загреете. Со палецот од едната рака притискате длабоко меѓу тетивите на другата рака од прстите до рачниот зглоб. Со јаки потези масирајте ја дланката кон надвор, како да се обидувате да извлечите нешто од раката, а со кружните движења на палецот вршете притисок по целата дланка.
Повлекувајте ги прстите, прст по прст, при што секој го опфаќате од коренот до врвот. Освен тоа што со масажата се отстрануваат стресот и напнатоста, таа одлично делува и при отстранување на заморот и депресивноста.
За тоа особено помага масажа на тилот, рамениците и вратот. Наместо сами да се масирате можете да замолите и некој од вашиoт дом да ве измасира. При тоа, испробајте нешто ново, пример масажа со ароматични тревки.
Како се изведува: наместо со рацете, вашиот масер ве допира со платнени вреќички полни со мирисни тревки. Освен што ве опушта од допирот, оваа масажа делува смирувачки поради мирисот.
|