Стресот влијае на стегањето на мускулите. Со тоа се нарушува размената на материите во телото и се насобираат токсините.
Кое е решението? Длабоко дишете за да може телото да добие кислород. Легнете, испружете се, свиткајте ги нозете, ставете ја раката на стомакот и следете го дишењето. Олабавете ги рамениците, полека вдишете, полнејќи ги прво белите дробови, па стомакот. Задржете го здивот две – три секунди, потоа издишете полека и цврсто стегнете ги стомачните мускули. Целосно испразнете ги белите дробови и повторете ја вежбата. Не повторувајте го дишењето повеќе од три пати по ред за да не почуствувате вртоглавица.
|