Модерниот начин на живот, трката за кариера, долгото работно време, семејните обврски – многу пати во текот на денот сме се нашле во ситуација да посегнеме по кафето, како тоа да ни помага да го издржиме денот. Бројните љубители на кафето знаат колку тоа може да ни помогне во отстранувањето на уморот, исто така ги подобрува менталните способности, но малку е познато дека кафето е богат извор на антиоксиданти, кои позитивно делуваат на телесните функции.
Долго се сметаше дека кафето е опасно за срцето и нервите, го зголемува холестеролот во крвта, дури и ја поттикнува појавата на некои видови тумори. Во 1970 година дојде до пресврт. Во Венеција е одржан Првиот биофармаколошки семинар за кафето, а потоа следеа бројни семинари и предавања кои овозможија детална анализа на кафето од диетолошки, неутриционистички и физиолошки аспект. Денес, после триесетина години истражување и споредување на резултатите, од ден на ден ни стигнуваат нови докази колку е здраво кафето. Најмногу антиоксиданти Американците примаат преку кафето и ниту една друга супстанција не е ни приближно толку делотворна, беше кажано на годишниот состанок на американското друштво на хемичари во Вашингтон. Професор Vinson го измери влијанието на антиоксидантите во повеќе од 100 различни овошја, зеленчуци, зачини, растителни масла и напитоци. За тоа се зела во предвид вообичаената потрошувачка на секој од анализираните намирници и се пресметал доприносот на вкупниот внес на антиоксиданти. Испадна дека возрасна особа со кафето внесува 1299 мг антиоксиданти (просечен Американец дневно пие 1,64 шољи кафе). На второ место е чајот со 294 мг, следни бананите (76 мг), гравот (72 мг) и пченката (48 мг). Овие резултати секако, не значат дека кафето може да ги замени овошјето и зеленчукот, кои се многу подобри со целокупните прехрамбени состојки, земајки ги во предвид и витамините, минералите и растителните влакна кои ги содржат.
И најновата вест е во прилог на кафето: кафето не ја зголемува опасноста од срцев удар, а може дури и заштитно да делува, изјавија научниците од медицинскиот факултет во Бостон. Во текот на пет години тие ја испитуваа врската помеѓу кафето и ризикот од срцев удар на 32 650 Швеѓанки на возраст од 40 до 74 години. Во анализите, во кои биле земени во предвид и други можни фактори, екипата научници открила дека жените кои пијат пет и повеќе шољи кафе на ден, имаат 32 % помал ризик од срцев удар, во споредба со оние кои пијат по четири шољи кафе на ден.
Научниците веруваат дека некои состојки од кафето можат да се употребат во производството на нови лекови за срцеви болести и несоница. Истражувањата ги насочија кон хлорогената киселина, преносот на BBC.
Има неколку биолошки механизми на помош со кои може да се намали ризикот од срцев удар. Кафето содржи фенолски споеви, познати како антиоксиданти, кои можат да го редуцираат стресот. Освен тоа, докажано е дека тоа му помага на телото за подобро да го искористи инзулинот и штити од дијабетис тип 2.
|