Започнува европското фудбалско првенство по тринаесетти пат, а по втор пат домаќини се две земји, овојпат тоа се Австрија и Швајцарија. Од 7 до 29 јуни спремете се за одлична забава со уште подобар фудбал
презентиран од шеснаесетте земји учеснички.
За отворањето земјите домаќини најавуваат спектакл, како и секоја година на секое големо случување, нели. Но она што е мошне интересно оваа година е тоа што во Австрија и Швајцарија деновиве се поставени 28 огромни проектори на кои ќе се прикажува европското првенство, а околу нив се направени целосни таканаречени Fan зони кои ќе собираат 350.000 посетители. Целта е единствена, иако нема доволно карти за сите, сите фанови да се соберат на едно место и да уживаат.
Неколку детали околу тоа кои се земјите учеснички, како се групите, во колку се натпреварите и слично објавивме претходно на нашата страна па слободно побарајте.
Како додаток на ова ви претставуваме и мала статистика за тоа кој, колкави шанси има за победа на поединечните натпревари, превземено од официјалната страна за Euro 2008.
А исто, надвор од европското првенство, но сепак поврзано со убавината на фудбалот ви претставуваме десет дриблинзи од кои би ви се свртил паметот, се надеваме дека ќе уживаме во вакви игри.