На Хрватскиот радиски фестивал премиерно беше претставен новиот сингл на покојниот Тоше Проески, The Hardest Thing како и видео спот за истиот. Можете да го погледнете тука.
Видео материјалот за спотот беше спремен од MTV Adria телевизијата, односно тој е извадок од видео снимките од патувањето и снимањето на материјалот за новиот албум на Тоше во Јамајка, како и од концерти и од јавни појавувања на македонскиот ангел. Погледнете го новиот сингл.
На финалната вечер на Хрватскиот Радиски фестивал, одржан во Опатија, според најавата се одвои значаен дел за претставување на новиот спот на Тоше за песната The Hardest Thing, која беше снимена како дел од албумот кој беше наменет за странскиот пазар, како и за претставување на неговите снимки од изведбата на Вежи ме за себе, со која лани победи на ХРФ на Хвар, како и дуетскиот спот со Антонија Шола, за Волим осмијех твој.
Фановите на Тоше бурно, со солзи на очите и со транспаренти го поздравија овој чин на организаторите на фестивалот.