Тоше Проески, роден Тодор Проески на 25 јануари, 1981 во Крушево е најпопуларниот пејач во Република Македонија и целиот Балкан. Негов заштитен
знак е изразот "Ве сакам сите". Музичка кариера ја започнува со настапот на Мелфест во 1997. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти Ме 1997 и Остани до крај 1998. Листата на соработници ги вклучува Григор Копров, Phoebus, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина, Марина Туцаковиќ, Бора Чорба, Миро Буљан и др.
Беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 во Истанбул, Турција и го освои 14-то место со песната Life потпишана од Јован Јованов.
Во 2004 е именуван за регионален Амбасадор на добра волја на UNICEF. По тој повод ја издава песната За Овој Свет (македонски) која има и англиска верзија - This World.
Албумот По Тебе, многумина го сметаат за еден од најуспешните албуми на Балканот. Сингловите од овој албум со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ листи во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.
Неговото последно издание, Божилак, е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. На албумот Тоше е поддржан од симфониски оркестар.
Тоше најави дека има намера да го користи презимето кое го користеле неговите предци - Проја. Проја е старо влашко презиме.
На почетокот на Август 2007 година го издаде и неговиот најнов албум "Игри Без Граници", на кој има соработка со добро проверениот тандем - хрватската пеачка и актерка Антонија Шола и Миро Буљан.
Загина во сообраќајна незгода на 16.10.2007 година.