НУ Центар за култура од Битола, за прв пат, како сопствена продукција, реализира една монодрамска претстава, Тоа е претставата “Антигона-Вечерва морам да бидам храбра” по текст на Џаклин Басамели,режија Багријана Попов , а во изведба на Илина Чоревска.
Оваа претстава ја имаше својата премиера во месец јануари и ,оттогаш, активно живее на сцената на Центарот за култура.
Во овој период, претставата е сврстена во официјалната конкуренција на 33- от Фестивал на монодрама и пантомима во Земун, Република Србија.
Овој Фестивал, кој има големо меѓународно значење, се одржува од 3-6 Јули,2008, во Театарот Пинокио, во Земун.
Претставата е предвидена да игра на 5ти Јули ,во 20 ч.,каде што се натпреварува во официјална конкуренција за наградата “Златна Колајна”.
“Антигона –Вечерва морам да бидам храбра” е единствената претстава од Македонија , што учествува на овој Фестивал.