Дали би помислиле дека некогаш можеби ќе живеете под земја, мислите дека е невозможно и дека не може човек да издржи? Па постои едно место наречено Coober Pedy каде луѓето сакаат, и живеат под земја.
Coober Pady е мал град во Австралија познат по своето богатство на скапоцен камен, Опал. Она што луѓето најверојатно не го знаат за ова место е тоа дека голем дел од населението во овој град сака да живее под земја. Традицијата на живеење под земја е од далечната 1900 година, односно од времето кога во местото пристигнале првите луѓе кои го бараат скапоцениот камен Опал. Поради неподносливите дневни температури биле приморани да живеат во дупки кои самите ги минирале за да го барат скапоцениот камен.
Она што исто така е неверојатно е тоа што во Coober Cady една куќа под земја чини приближно исто колку и иста таква над земја.
Најинтересни подземни градби се подземните цркви.