За прв пат во Македонија доаѓа славниот House dj Sandy Rivera. На 23 мај во петок не ја пропуштајте најдобрата забава во Македонија во клуб Расчекор, благодарение на Fresh Union.
Со неговото потекло од Порто Рико и неговиот живот во New York, Sandy беше изложен на секакви музички влијанија кои и самиот ги интерпретира и успешно ги вметнува во својата музика. Тој започнал да пушта плочи на само 13 годишна возраст. Само со 17 години организирал забави во својата куќа каде многу често и самиот бил dj. Од овој момент тој започнал да размислува да продуцира своја музика.
Во 1994 година ги оформил Blackwiz Records. Во 1997 пак го издал својот прв сингл наречен Set My Spirit Free. Наредните години неговата кариера како dj и како продуцент одела нагоре.
Неговото најпознато и најголемо комерцијално издание е синглот Lolly pop со кој стана се позафатен dj и продуцент.
За повеќе информации посетете ја неговата страна www.sandyrivera.dj или неговиот официјален профил на MySpace: www.myspace.com/sandyrivera
Погледнете го неговиот спот за песната Lollipop и некои од неговите настапи: