На ден 11.06.2008год. (Среда) со почеток од 11 часот на Градскиот плоштад во Ресен ке се одржи хепенинг на темa:
Биди бунтовник со причина!
• Една чашка алкохол-поблиску до инфузија!
• Една цигара помалку-еден ден повеќе за живот!
• Избери живот-немој да се дрогираш!
На хепенингот ќе присуствуваат ученици од основните училишта Гоце Делчев, Мите Богоевски и Браќа Миладиновци кои со своите настапи ќе ја подржат идејата на проектот.
Во 13 часот ќе настапуваат Паркети од Битола, а попладнето од 16 часот во Големата сала на Општина Ресен ќе има проекција на филмот „Реквиум за еден сон“.
Хепенингот ќе заврши со забава во Еvolutıon со Free Band.
Хепенингот е дел од проектот Локална Младинска Иницијатива, финансирана од Фондација Институт Отворено Општество Македонија и Младински Образовен Форум.
Проектот е предвиден да трае 3 години, а целта е отворање на Локален Младински Клуб во просториите на Центарот за подршка на заедницата Ресен (старо кино), во кој средношколците и останатите млади луѓе од Преспа ќе имаат можност за унапредување на знаењата во голем број на области, покренување на локални младински иницијативи, учество на локални, регионални, национални и меѓународни турнири, можност за соработка со локални невладини организации и вклучување во проекти од значење за развој на локалната заедница.