35 издание на фестивалот "Браќа Манаки"
Среда, 10 Септември 2014 22:15

Филмски фестивал Браќа МанакиОвогодинешното јубилејно триесет и петто издание на најреномираниот филмски фестивал во нашата држава "Браќа Манаки" ќе се одржи од 13 до 19 септември..., на веќе познатото место, Центарот за Култура во Битола. Годинашниот јубилеј ќе се одвива под слоганот Кон ѕвездите. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“, Англичанецот Крис Менџис. Во програмата Нови визии, пак, ќе биде прикажана иднината на светскиот филм.

Фестивалот целосно ќе биде во знакот на годинашниот јубилеј, при што слоганот Кон ѕвездите е одраз на таквиот повод и на нашиот копнеж. Идејата за слоганот дојде од фактот што во изминатите години донесовме голем број сјајни имиња од светот на филмот: кинематографери, актери, режисери, сценаристи, така што публиката веќе самата го асоцира фестивалот со ѕвезденото небо на уметноста. Продолжуваме да им оддаваме почит на големите имиња, на величините, мечтаејќи дека еден ден ќе стигнеме до најдалечните ѕвезди.

На 35-тото издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, која преку осум програмски категории опфаќа исклучителни 76 филмови, од кои 20 се македонски проекти или филмски копродукции во кои учествува и Република Македонија. Најинтересни за јавноста секако се долго очекуваните гала премиери на двата нови македонски филма кои за првпат ќе бидат прикажани пред широката публика и надвор од фестивалска конкуренција. Тоа се речиси тричасовниот историски спектакл на Столе Попов, До балчак, кој ќе биде прикажан на 14 септември од 20 часот, и социјалната драма Деца на сонцето, третиот игран филм на режисерот Антонио Митриќески, кој ќе биде презентиран на свеченото затворање на 19 септември во истиот термин, со што ќе продолжи традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола.

„Годинашното мото на фестивалот не е избрано случајно. Постојано стремејќи кон повеќе и подобро, цврсто застанати на земјата, го подготвивме и ова фестивалско издание кое повторно нуди врвни филмови, возбудливи и провокативни, креативни и мајсторски сработени. Повторно носиме легендарен директор на фотографија и еден негов помлад колега кој сигурно чекори кон легендите. Повторно носиме врвни филмски ѕвезди, повторно најдобрите македонски филмски продукти стапнуваат на платформата Манаки. Повторно нашите филмаџии, нашите студенти и филмофили ќе се дружат, учат, разменуваат искуства и ќе остваруваат контакти со врвни филмски професионалци од светот.

Горда сум на тоа што го постигнавме изминатите години и годинава - на малиот јубилеј 35 години од постоење на фестивалот - можеме да кажеме дека и најголемите мечти не се неостварливи доколку се работи умно и постојно. Македонија преку Браќа Манаки и годинава ќе биде сјајна ѕвезда на филмското небо. Повторно Битола ќе биде домаќин на најголемиот мал фестивал. Повторно Битола ги отвора портите за сите вљубеници во филмот, дојдете да уживате во главната програма, придружните настани и прекрасните дружби до доцна во ноќта. Повторно ѕвездите ќе сјајат најсилно во Битола, повторно ќе ви се помешаат реалноста и сонот, филмската визија и ноќното небо, повторно Битола ќе го облече својот космополитски костум, повторно и засекогаш, само напред и само нагоре. Само смело и само решително, како што правеле браќата Манаки.“, - рече директорката на Фестивалот, г-ца Лабина Митевска.

Инаку годинава во изедначена трка во главната програма се најдоа 11 наградувани филма, натпреварувачката програма на краток филм опфаќа 9, Новите визии носат 5 авангардни наслови, исто толку и Вип детската програма, во документарната селекција гледачите ќе имаат можност да видат 9 автентични тематики, 11 филмови се поместени во склоп на македонската панорама, а 15 краткометражни филмови се предвидени во некомпетитивната програма „Кратко-слатко“ на Европската филмска академија. Од специјалните проекции, освен најавените филмови во чест на добитниците на наградите - Големата убавина (Лука Бигаци) и Читачот (Крис Менџис), ќе биде прикажана романско-македонската копродукација Не сум славен, но сум Влав, првиот филм целосно снимен на аромански (влашки) јазик.

Во главната програма имаме филмови од четири континенти, четири филмови кои однеле награди од Берлин (освојувачот на „Златната мечка“, лауреатот на наградата за фотографија), тројца наградени од Кан, „позлатени“ и номинирани филмови од Карлови Вари, Сиднеј, Торонто, Венеција...

35 издание на фестивалот
  Dianabol Methandienoneunsecured loans . On the global pharmaceutical market this medicine was issued in 2003 by two companies - Eli Lilly and ICOS. Initially, permission to sell Cialis was obtained in Europe, Australia, New Zealand.
  • Настани
  • Музика
  • Спорт
  • Филм
>>11.07.2014 Portal
Space Wire, Live
>>11.07.2014 Hauz Bar
Беличанска Трио
>>11.07.2014 Lektira
Brass Brothers
>>11.07.2014 Positive
DjFace / ANDREJ GJOSEV
>>11.07.2014 Rascekor
Latino Fiesta / Ricardo Hernandez & Petar 4
>>12.07.2014 Positive
D.j. Rondevu New York
>>12.07.2014 Hauz Bar
Owl Night Long
>>13.07.2014 Positive
Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar LATINO
Број 1 на светските листи 106.6 fm:

Australia: Black Eyed Peas - Meet Me Halfway
Austria: Robbie Williams - Bodies
Belgium: K3 - Mamase!
America: Jay Sean Feat. Lil Wayne - Down
Canada: The Mission District - So Over You Ep
Denmark: Alphabeat - The Spell
Holland: K3 - Mamase!
Finland: Jarkko Martikainen - Polte Paratiisiin
France: Tom Frager And Gwayav - Lady Melody
Ireland: Cheryl Cole - Fight For This Love
Italy: Noemi and Fiorella Mannoia - L'amore Si Odia
New Zealand: Ke$Ha - Tik Tok
Norway: Kent - Tontarna
Portugal: The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling
Spain: Nelly Furtado - Manos al aire
Sweden: Darin - Viva La Vida
Switzerland: Robbie Williams - Bodies
Uk: Cheryl Cole - Fight For This Love
Germany: Robbie Williams - Bodies
Argentina: Nelly Furtado - Manos al aire
Brazil: Lady GaGa - Paparazzi
Luxembourg: Robbie Williams - Bodies
Romania: David Guetta and Kelly Rowland - When Love Takes Over
Chile: Lady Gaga - Poker Face
Turkey: Madonna - Celebration
Poland: Black Eyed Peas - I Gotta Feeling
Ice Age 4: Continental Drift
The Hunger Games
Madagascar 3: Europe's Most Wanted
Фудбалски резултати живо

Последни видеа