|
Вторник, 09 Март 2010 16:26 |
|
Иако овие трачеви од неодамна се слушнати неколку пати, откако стапи во брак со Nick Kenon, Mariah Carey, на последното доделување на оскарите оваа приказна дополнително се загреа.
Mariah Carey (39) и нејзиниот сопруг Nick Kenon (29) можно е за неколку месеци да станат родители, се пишува во холивудските списанија. На последното доделување на наградите познатата музичка дива се појави малку подздебелена, а на забавата после доделувањето не конзумираше никаков алкохол.
Таа на новинарите им откри дека им припрема големо изненадување.
“Покрај неколкуте ангажмани на глумската сцена, на пат е едно големо изненадување кое нема сега да ви го откријам” – рече Mariah на доделувањето на Spirit наградите. Сите предпоставуваат дека се работи за принова, но дали е навистина така ќе покажи времето...
|