| Германците со бронзен медал на СП 2010 |
| Недела, 11 Јули 2010 00:26 |
Репрезентацијата на Германија во одличен натпревар ја совлада Уругвајската репрезентација за освојување на бронзениот медал на овогодинешниот Мундијал...
во Јужна Африка.Денешниот натпревар иако без некој поголем притисок, поради тоа што се работеше "само" за третото место и бронзениот медал на Светското првенство се покажа како вистина неизвесен и како одлична увертура за утрешниот финален натпревар помеѓу екипите на Шпанија и Холандија. Резултатот од 3-2 и бронзениот медал се како утеха на репрезентацијата на Германија за одличната тимска игра во изминатите натпревари и покажаниот високо квалитетен фудбал. ![]() Од друга страна младата репрезентација на Уругвај, на чело со нивната главна ѕвезда Diego Forlan докажаа дека се репрезентација со огромен квалитет и дека нивното време допрва доаѓа. Со надеж дека денешниот финален натревар ќе биде барем на висината натпреварот за трето место, се приближуваме на крајот на ова Светско првенство, чекајќи го "шлагот на тортата" и крунисањето на новиот носител на титулата "Најдобра фудбалска репрезентација на светот". |
Ве молиме регистрирајте се да за додадете коментар!!!
Репрезентацијата на Германија во одличен натпревар ја совлада Уругвајската репрезентација за освојување на бронзениот медал на овогодинешниот Мундијал...
во Јужна Африка.
Noah Shawn е седумгодишен играч на подмладокот на Bayern кој со своето видео каде што ги...
Фудбалерите на исландскиот прволигаш Стјарнан станаа вистински ѕвезди во...
Репрезентативците на Шпанија во мошне неизвесен натпревар во финалето на Светското...


