Гледање на кафе
Недела, 01 Ноември 2009 02:18

Иако кафето потекнува од подрачјето на денешна Етиопија, негови први дегустатори и обожаватели биле Арапите! Тие до толку го сакале кафето што и за него почнаа да кажуваат митови дека и тешко болните луге оздравувале со него.

Оваа љубов кон кафето преминува и во Турција, кои отидоа чекор понатаму. Тие кафето го прогласија за свој национален напиток, а исто така почнале да го користат и за предвидување на иднината.
Првите знаци на пророштво од талогот од каде се појавиле во 16 век кога пристигнале и првите вреќи со кафе во Истамбул, а во 1554 година била отворена и првата кафеана на Европско тло во која се служело кафе.

Потоа, пророштвото во кафе прераснало во женска забава, која во Турција е многу популарна и денес. Но, гатањето не е омилено само во Турција. Задоволството во пиењето на кафето и забавата и верувањата / неверувата во фигурите кои се покажуваат доста успешно се пренесе и на нашите простори.

Поради тоа, во продолжение следува кратко упатство за приготвување на кафе, а секако и за гатање на талогот на “турското“ кафе.

Кафето варете го во гезве, а за секоја шоља кафе подгответе една мала лажица фино мелено кафе, една лажица шеќер и полна шоља ладна вода. Празното гезве ставете го на оган, ставете го кафето и шеќерот и добро промешајте ги, на таа мешавина додадете ја ладната вода и чувајте го кафето на оган се додека не зоврие. Потоа, кафето може да го сервирате.

Откако ќе го испиете кафето, завртете ја празната шоља три пати и поставете ја со отворот надолу така што талогот подобро би се распоредил низ шољата.
Додека ја вртите шољата, замислете некоја желба. По кратко време, кое е потребно да се засуши талогот, превртете ја шољата и на талогот ќе има оформено фигури.

Гледањето во кафе се започнува од рачката на шолјата и истата се врти во стрелките на часовникот. Откако ќе завршите со "Гледање во кафето" личноста на која е шољата со кафе со средниот прст на дното од шолјата остава трага и замислува желба, доколку трагата е бела желбата е доста чиста и е веројатна да се исполни, а доколку е темна таа е малку веројатна да се исполни.

Во продолжение следува значењето на некои фигури кои може да се појават:

Ангел – добри вести, среќа, голем настан за вас
Авион – ќе добиете поклон за кој не се надевавте
Балон – бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања
Бебе – мали грижи
Брег – лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите
Бубачка – тешка задача ќе се постави пред вас
Брод – ви претстои патување
Боца – очекувајте добри вести
Дете – финансиска придобивка
Дланка – проблеми во фамилијата
Грав – финансиски проблеми
Јајце - богатство и успех
Канџа – непријател
Ќелава глава – голема љубов
Клуч – отворање на врати, реализација на напорите, успех
Коњ – снага, независност
Компас – патување кој подалечна дестинација
Круг – очекувајте успех
Круг со точка во близина - принова во фамилиата
Круг со линија во близина – вашиот труд нема да биде почитуван
Круша – финансиска сигурност
Квадрат – нов дом
Пеперутка – флерт
Лав – успех на работа
Лице – некој што ве сака се грижи за вас
Лисица – лажен пријател
Ланец – покана за на свадба
Права линија – напредок без проблеми
Крива линија – неуспех
Топка - некој кој познавате, а се занимава со спорт – му претстои краток период на среќа а потоа несреќа
Мачка - расправија за кратко
Магаре – не се надевајте на помош од вашите пријатели
Метла – успех на работа
Мечка – добро размислете за нови одлуки
Маска – опкружени сте со лицемери, непријатели
Млада месечина – религиски повик
Мотика – финансиска придобивка
Мравка – одлучност некоја работа да се донеси до успех
Наковална – деловен успех
Наушница – потребно ви е внимателно објаснување
Нож – Ве очекува некоја опасност, непријателот ви “крои“ нешто
Овца – тешка работна задача
Око – љубомора, завист
Оро – големо подобрување во животот
Куче – добар и приврзан пријател, верен партнер
Коњ – немате сили започнатата работа да ја донесите до крај
Полна месечина – љубов
Палма – среќни денови во бракот
Пајак – неочекувани пари
Пчела – ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести
Писмо – ве очекуваат добри финансиски денови
Пила – препреки на работа од своите соработници
Прстен – брак
Рак – чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло
Скинат прстен – проблеми во бракот
Риба – животот ќе ви биде побогат, посреќен
Рака – пријателство и фамилија
Срце – љубов, верување и доверба
Стебло – на пат се промени кон подобро
Стол – Неочекуван гостин
Слон – искрен пријател
Сонце – моќ, успех
Свеќа – некој ќе ви помогне да успеете
Стрела – среќна и хармонична љубов
Стена – мал проблем кој брзо ќе го надмините
Стопало – добри вести
Свиња – добивка на работа
Човек со испружена рака – поклон
Чадор – оговарање, озборување
Чамец – работните обрврски можете сам да ги средите
Чорап – оговарање, озборување
Чекан - грижи
Глушец – кражба, разбојништво
Торба – пред вас е некоја замка, ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете
Трокут – доаѓаат промени
Топка – работата повеќе не ви причинува задоволство
Уво – Ќе слушнете неочекувани вести
Врата – Прилика за успех
Рог – внимавајте на влијанието на лугето во вашата околина
Волк – непријателство, љубомора, можна расправија
Знаме – ве очекува опасност, подгответе се за судир
Змија – внимателно, имате непријатели
Змеј – коренити промени
Звоно – неочекувани вести
Звезда – исполнување на ваша голема желба
Заб - зло
Цвет – финансиска придобивка
Црква - грижи
Харфа – среќа во животот
Шешир – мали незгоди, промени

Изразите и формите постојано ќе се надополнуваат, па слободно доколку знаете значење за некоја форма која ја немаме опфатено чувствувајте се слободни да не контактирате преку нашата контакт форма и да го напишете значењето и името на формата која сакате да се надополни во нашата колекција на форми за гледање на кафе.

 
Ве молиме регистрирајте се да за додадете коментар!!!
  • Настани
  • Музика
  • Спорт
  • Филм
>>25.07.2010 Base
Dj Ile The Hair
>>25.07.2010 Positive
The Best Party
>>25.07.2010 Rascekor
Live Perfomance Zoki conga, Dadoni trumpet & Dj Mikar
>>26.07.2010 Base
Humanitarna Zabava








Play list 106.6 fm:

BRANDON FLOWERS - CROSSFIRE
ELIZA DOOLITTLE - PACK UP
EXAMPLE - KICKSTARTS
JAY-Z FEAT. J. COLE - A STAR IS BORN
MARK RONSON FEAT. Q-TIP & THE BUSINESS INTL - BANG BANG BANG
PLACEBO - I FEEL YOU PLAN B - PRAYIN
REPUBLICA - READY TO GO 2010
USHER FEAT. PITBULL - DJ GOT US FALLIN IN LOVE
CHICANE - COME BACK
Despicable Me
The Twilight Saga: Eclipse
Predators
Банер
Банер