|
Колекција на познати и непознати фотографи, аматери или професионални и нивните виртуозни дела кои го зачувуваат времето и местото онакво какво што е. Ви претставуваме дел од овие фотографи и нивните фотографии, уживајте.

Љупчо Петровски, член на Кино Видео Клуб "Студио Милтон Манаки" Битола од 2001 година. Фотографирањето на природата и природната околина му е како поврзан дел на она што навистина го работи како хоби, снимањето на документарни филмови.

Филип Стојковски е роден 17 мај 1989 година.
Започна да се занимава со аматерска фотографија од средношколските денови, и паралелно со манипулација на фотографии,моментално студира мрежно програмирање во Софија, но фотографијата и понатаму му е главно хоби.

Димитар Чунговски е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на многу мала возраст, за време на основното образование.

Христо Фиданов е роден 13 јануари 1986.
Иако фотографијата го интересираше од мали нозе, прво почна со манипулација на слики, а од 2006 се префрли на фотографија како главно хоби со план да премини во професија во иднина.

Даниел Ангеловски е роден 1983 година. Со фотографија се занимава аматерски веќе неколку години, а пасија кон фотографијата и дизајнот има уште од средношколските денови, каде што членува во фотографска секција и почнува да работи на дизајнот и изгледот на „Тхе Култ“, весникот за културна и ментална деконтаминација, издание на МКЦ – Битола.

Александар Буневски роден 1984, дипломиран графичар. Почнав со фотографија, пред шест години, само како хоби, но полека премина во работа! Фотографијата ја гледам како создавање на уметност користејќи ја светлината. Досега сум бил дел од неколку проекти, како на пример "Wear Art" дел од Bitola Fashion week...

Петар Тасевски е роден 1987 год. Битола, Македонија. Студент е на графичкиот факултет во Битола. Со фотографија и мултимедиални уметности започнува да се занимава уште од средношколските денови каде што на натпреварот за Најдобра видео реклама на реална училишна компанија организиран од USAID освојува второ место.

Сашо Каракамишев е роден на 23-ти Јануари 1987 во Битола. Неговиот интерес за визуелната уметност, графиката и играта со светлото отсекогаш го фасцинирале, но низ годините тој се концентрираше воглавно на фотографијата, но професионално се постветува на тоа во 2008 година.

Вања Шапковски е роден на 4-ти Ноември 1990 во Битола.
|