Започнува 36. издание на "Браќа Манаки"
Четврток, 17 Септември 2015 21:26

Браќа Манаки 2015Се одбројуваат часовите до официјалното свечено отворање на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" во Битола. Под мотото "Филмот е убав" од 18 до 27 септември Битола ќе претставува центарот на филмските случувања на балканот,...

центарот означен со Филмскиот фестивал "Браќа Манаки".


Почеткот на 36. издание на фестивалот е закажано во 19:30 часот со светската премиера на филмот "Лазар" во режија на Светозар Ристовски. 
Ни претставува особена чест што наградуваниот режисер по речиси 11 години ќе ѝ се претстави на македонската публика, и тоа токму со премиера на Фестивалот „Браќа Манаки“. Филмот ќе го промовира режисерот Ристовски, директорот на фотографијата Дејан Димески, актерите Дејан Лилиќ и Наташа Петровиќ, како и продуцентката Корнелија Ристовска. По проекцијата, екипата на „Лазар“ ќе се поклони на сцената, а пред проекцијата на „Лазар“ ќе биде прикажан краткиот анимиран филм „Кружното патување на Марето“ од Жарко Иванов.

Режијата за отворањето и затворањето на Фестивалот, годинава му се доверени на познатиот костимограф и режисер Благој Мицевски. Водител на церемонијата на отворањето е еден од најангажираните актери во Народниот театар од Битола, Огнен Дранговски.
Мицевски открива дека режијата на церемонијата за свеченото отворање и затворање на 36. издание на Фестивалот ќе ја определат два значајни настани.
Едниот од нив е 110-годишнината од првата филмска камера на Балканот, а другиот се неколку филмови кои со својот визуелен идентитет прераснаа во култни филмови за цели генерации, и претставуваат трајна инспирација во нашиот уметнички живот.

- Токму неколку автори од такви филмови се и гости и добитници на наградите на годинашното издание на Фестивалот. Покрај воведната церемонија на црвениот килим, во Големата сала на Центарот за култура ќе има настан кој што е инспириран од еден култен светски филм, а ќе го изведат млади уметници од Македонија. На крајот, ќе проследиме и една нова македонска филмска премиера. Како и животот така и филмот е убав – вели режисерот Мицевски.

 

Покрај славните актери Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков на кои ќе им биде доделена Специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност на црвениот килим ќе продефилираат и двајцата кинематографери, лауреати на Наградата за животно дело – „Златна камера 300“, Ришард Ленчевски и Божидар-Бота Николиќ. На третиот добитник, Јаромир Шофр, наградата ќе му биде врачена на свеченото затворање, на 27 септември.
По црвениот килим, церемонијата ќе се префрли во салата на Центарот за култура, каде директорот на Фестивалот, Димитар Николов - Таки ќе ја поздрави публиката.

Под мотото „Филмот е убав“, Фестивалот и официјалниот партнер – Вип оператор годинава најавуваат 13 програмски категории во кои ќе бидат прикажани 215 филмови. Во десетте филмски дена, Фестивалот ќе биде домаќин на безмалку 700 најавени гости еминентни филмски работници, критичари и студенти, а згора на тоа ќе понуди уште 75 придружни настани на четириесетина локации. Како гости во Битола ќе дојдат седумдесетте најдобри студенти од факултетите за драмски уметности од 13 универзитети од ЈИЕ со кои Фестивалот годинава потпиша меморандуми за соработка. На програмата се одлични наслови од големите филмски фестивали од сите континенти, и од повеќе од 40 земји. 103-те филма кои ќе бидат прикажани во Битола од 18¬ до 27 септември се во различни категории, од кои три се натпреварувачки категории (Официјална, Нов европски филм и СЕЕ камера). Останатите 111 се студентски филмови. Има две нови натпреварувачки програми:

1. Нов европски филм - посветена на првите или вторите играни филмови на режисери од Европа; ќе бидат прикажани 10 филма, селектирани од Дејан Трајкоски;

2. СЕЕ камера - ќе бидат прикажани осум наслови, по избор на Саша Станишиќ.

Официјалната програма на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" можете да ја превземете на следниот линк.

Започнува 36. издание на
  Testosterone Enanthate Injection For Saleshort term loans . This is a permit to the world of pleasure and the lasting sex. Cialis Super Active online is a drug, the quality level of which is determined by its action speed.
  • Настани
  • Музика
  • Спорт
  • Филм
>>11.07.2014 Portal
Space Wire, Live
>>11.07.2014 Hauz Bar
Беличанска Трио
>>11.07.2014 Lektira
Brass Brothers
>>11.07.2014 Positive
DjFace / ANDREJ GJOSEV
>>11.07.2014 Rascekor
Latino Fiesta / Ricardo Hernandez & Petar 4
>>12.07.2014 Positive
D.j. Rondevu New York
>>12.07.2014 Hauz Bar
Owl Night Long
>>13.07.2014 Positive
Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar LATINO
Број 1 на светските листи 106.6 fm:

Australia: Black Eyed Peas - Meet Me Halfway
Austria: Robbie Williams - Bodies
Belgium: K3 - Mamase!
America: Jay Sean Feat. Lil Wayne - Down
Canada: The Mission District - So Over You Ep
Denmark: Alphabeat - The Spell
Holland: K3 - Mamase!
Finland: Jarkko Martikainen - Polte Paratiisiin
France: Tom Frager And Gwayav - Lady Melody
Ireland: Cheryl Cole - Fight For This Love
Italy: Noemi and Fiorella Mannoia - L'amore Si Odia
New Zealand: Ke$Ha - Tik Tok
Norway: Kent - Tontarna
Portugal: The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling
Spain: Nelly Furtado - Manos al aire
Sweden: Darin - Viva La Vida
Switzerland: Robbie Williams - Bodies
Uk: Cheryl Cole - Fight For This Love
Germany: Robbie Williams - Bodies
Argentina: Nelly Furtado - Manos al aire
Brazil: Lady GaGa - Paparazzi
Luxembourg: Robbie Williams - Bodies
Romania: David Guetta and Kelly Rowland - When Love Takes Over
Chile: Lady Gaga - Poker Face
Turkey: Madonna - Celebration
Poland: Black Eyed Peas - I Gotta Feeling
Ice Age 4: Continental Drift
The Hunger Games
Madagascar 3: Europe's Most Wanted