Квартетот Поповски-Тасевски пред околу еден месец потпишаа договор со нова компанија ETNOPRODUCTIONS, со која овие дена потпишаа и договор за нивни втор албум.
Снимањето на албумот завршува кон средината на август. Промоцијата на истиот се планира на есен
со турнеја низ познати клубови во Македонија, Србија и Хрватска.
Поповски-Тасевски квартет очекуваат со овој албум да ја освојат Jezz публиката на балканот, а тоа нема да биде ставено во прашање бидејќи компанијата Etnoproductions стои зад еминентни македонски имиња како што се: Синтезис, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Виолета Томовска, Зуица Лазова, Каролина Гочева и многу други.
Се надеваме дека Jazz публиката со нетрпение го очекува овој следен нивни проект.
Нешто повеќе за Поповски-Тасевски квартет можете да прочитате во нашиот дел "На кафе со..."