Парис Хилтон е родена на 17 февруари во Њујорк во познатата Хилтон фамилија. Заедно со своите три помали сестри е наследничка на династијата на Хилтон хотели која се проценува со вредност од 300 милиони долари.
Таа е порасната во најбогатите места како и на источниот брег така и на западниот. Парис се запишала во средното училиште Двајт кое се смета за едно од најексклузивните училишта во Америка. Но набрзо се отпишала и подоцна се стекнала со диплома за завршен ГЕД тест кој се спроведува за оние луѓе кои не завршиле средно училиште но сепек сакаат да се стекнат со соодветна диплома. После тоа, Парис несакајќи да оди на колеџ во 2000 година се одлучи да стане позната како модел. Таа се појави како модел за дизајнерите Марк Бувер и Катрин Маландрино, а исто така и ја заврши и кампањата за Iceberg, Италијанска марка. Парис има позирано и за списанија како што се GQ,Vanity Fair и FHM и исто така е профилирана заедно со својата сестра во Peoples Magazine.
Во исто време, Парис стана центар на внимание на сите таблоиди поради нејзините врски, вистински или измислени од страна на папараците, со некои од најжешките холивудски ѕвезди. Во раната, 2000 Парис беше забележана со Леонардо Ди Каприо, но нивната нормална пријателска врска беше однесена надвор од границите особено од страна на National Inquirer. После тоа таа излегуваше со ѕвездата на Терминатор 2, Едварт Фурлонг со кого се забавуваше неколку месеци, а додека потоа е забележана со боксерот Оскар Де Ла Хоја,Томи Хилфингер,Џејсон Шо, пејачот на Сум 41 Дерек Вибли и Ник Картер од Бекстрит бојс.
Парис и нејзината сестра Ники, се познати како редовни гости на речиси сите забави низ Америка. Парис е позната како личност на која и е потребно внимание и треба да се наоѓа во центарот на вниманието. Затоа таа може да се забележи како танцува на шанковите по баровите, да оти топлес, да носи маички со невкусни натписи и слично.
Можеби за да си го исчисти својот имиџ, Парис има работено на неколку позначајни проекти. Во 2001 година се појави во филмот Zoolander, а пак во филмот The Hillz се појави како супер модел каде глумеше заедно со својот тогашен дечко Џејсон Шо. Има глумено во класиката The Cat in the Hat како и во реалното шоу на FOX телевизија The Simple Life.
Покрај нејзината актерска кариера, Парис е исто така и дизајнерка. Таа има дизајнирано и колекција на чанти за Саманта Таваса, заедно со сестра и Ники. Парис исто така има работено и за добротворни цели за Toys for Tots. Таа проба да основа и модна агенција и линија за шминки но тоа засега и нема успеано.