Орландо Блум е роден во Кантербури,Кент,Англија на 13 јануари 1977. Човекот кој одвај го знаел како татко,Хери Блум бил легендарен политички активист кој се борел за човековите права во Јужна Африка.Но Хери умрел од срцев удар кога Орландо имал само 4 години. После тоа тој со неговата постара сестра Саманта Блум живееле со нивната мајка Соња и нивниот семеен пријател Колин Стоун. Кога Орландо наполнил 13 години неговата мајка му кажала дека всушност Колин е неговиот биолошки татко.
Орландо одел во училиштето Св.Едмонд во Кантербури но марал да се бори на повеќе начини затоа што боледувал од дислексиа. Ја прифатил уметноста и уживал во грнчарството,фотографијата и скулптурство. Исто така учествувал и во школски претстави и бил активен во локалниот театар. Охрабрен од мајка му и сестра му започнал да студира поезија и проза и настапувал на некои фестивали во Кент. Орландо и Саманта победиле на многу натпревари за рецитирање поезија. Орландо кој секогаш ги идеализирал славните
личности се насочил кон актерството. на 16 годишна возраст се преселил во лондон и се приклучил на младинскиот национален театар,каде останал 2 години и добил стипендија да вежба со Британско-американската академија за драма. Како многу млади актери,се пријавил за аудиција за многу телевизиски улоги за да си ја усоврши кариерата, земајќи добри улоги во многу британски ТВ шоуа ,"casuality"1986,"midsomer murders"1997 и "smack the pony"1999. Се појавил и во филмот "wilde" кој бил недоволно прифатен од критичарите. потоа се запишал во Гилдал школата за музика и драма и таму во 1998 паднал од третиот спрат и си го скршил грбот. Покрај стравувањата дека мози да остане трајно парализиран, тој брзо оздравел и се вратил на сцената. Во 1999 на една претстава се сретнал со режисерот Петар Џексон кој го поканил да се јави на аудиција за неговите нови филмови. После дипломирањето во Гилдал, Орландо почнал со снимањето на "Lord of the rings" триологијата,поминувајќи 18 месеци во Нов Зеланд каде го оживеал "леголас" улога која му донесе слава.Денес тој е еден од најбараните и најзафатените актери во филмската индустрија.