Кои се најдобрите и најлошите земји, односно градови во кои би сакале или не би сакале да живеете. На ова прашање се заинтересира Readers Digest и ни ги претстави најдобрите и најлоши места за живеење. Местата се рангирани според колку луѓето заработуваат, каков е шивотот, околината и слични критериуми.
Не секогаш можете да кажете дека во земјата која има најдобра заработувачка е најдобар животот, а истото е и со земјата која има најдобра околина за живот.
Нашата држава не се наоѓа ни во најдобрите, ни во најлошите места за живот, си држиме златна средина :)
Според овие критериуми, најдобри земји за живот се:
1. Финска
2. Исланд
3. Норвешка
4. Шведска
5. Австрија
Додека пак најлоши држави за живот се:
5. Чад
4. Буркина Фасо
3. Сиера Леоне
2. Нигерија
1. Етиопија
Според квалитетот на воздухот, односно според неговата чистота најдобро место за живот би било Молдавија, додека пак најлошо, односно најзагаден воздух има во Гватемала.
Според квалитетот на водата, нејзината чистота и количеството на бактерии во истата, најдобра држава за живот би била Норвешка, додека пак најлоша би била Мароко.
Според здравата околина, мерка според наталитетот и смртноста најдобро место за живот би била Австрија, додека пак најлошо Туркменистан.
Како додаток на ова ви ги претставуваме петте најпосакувани и најнепосакуваи градови каде луѓето сакаат да живеат.
Најпосакувани градови за живот се:
1.Стокхолм

2. Осло

3. Минхен

4. Париз

5. Франкфурт

Најнепосакувани градови за живот се:
5. Бангког (чудно нели?)

4. Гуангзоу (не ни знаев дека постои)

3. Мумбаи

2. Шангај

1. Пекинг