МАЖИТЕ СЕ....
... еманципирани – немаат ништо против колешките, се додека им носат кафе.
... спортисти - ги вежбаат бицепсите (подигајќи ги лименките со пиво), мускулите на задникот (во петок навечер во мисионерска поза) и листовите (при возење со автомобилот: гас – кочница – гас).
... толку јаки – за кладба можат да поместат цел камион, вклучувајќи го и товарот. Снагата им опаѓа кога треба да го фрлат ѓубрето или да го обесат долниот веш.
... скромни – се задоволуваат со добар стриптиз.
... внимателни – секогаш ја заприметуваат кратката сукња на колешката, деколтето на најдобрата другарка на својата девојка и бескрајно долгите нозе на ТВ – водителките.
... екстремно храбри – без страв стојат пред питбул или боксер од тешка категорија, но таа се губи кога некоја ќе им го постави прашањето дали ( можеби, некогаш, било кога) ќе се ожени со неа.
... апсолутно верни – на својот клуб, марка на пиво, својот автомобил, на другарите...
... ориентирани кон целта – во работата, спортот, својата кариера.
... уметници во преживување – се докажуваат во арена помеѓу неколку илјади фудбалски навивачи, храбро се борат за место на паркинг, а во кафичи за позиција на шанкот.
|