1. Јас сум директорот твој, и не признавај никој друг следните два мандати освен мене
2. Не надевај се на никакви форуми или комисии, затоа што само јас можам да ти помогнам
3. Не го спомнувај името мое, освен ако ме фалиш
4. Четири дена работи за себе, а петтиот за репрезентацијата, моите патувања и моите дневници
5. Почитувај ги луѓето мои за да бидеш мирен и спокоен работејки во оваа фирма
6. Не убивај го работничкиот морал на вредните, затоа што тие работат и за мене и за тебе
7. Немој да правиш прељуби, таму каде што веќе фрлив око
8. Немој да крадиш затоа што немаш положба и ќе заглавиш за некоја ситна работа
9. Немој да сведочиш за другите, и молчи дури и кога мислиш дека си во право
10. Немој да пожелуваш туѓо подобро работно место, бидејки ни за своето не си доволно добар |