Во неделата (01.06.2008) се одржаа филмските награди на MTV, гламурозно шоу со многу забава, музика, комедија и секс.
Наградите беа во знакот на победата на филмот Transformers за најдобар филм за изминатата година. Џони Деп освои две награди, за најдобар комичар, во филмот "Пиратите од карибите", како и за најдобар негативец во улогата на "Свини Тод". Вил Смит ја доби наградата за најдобар актер, за блокбастерот „Јас сум легенда“, а Елен Пејџ доби признание за одличната интерпретација во „Џуно“.
Погледнете дел од атмосферата на доделувањето на наградите: