
Одењето на високи потпетици сигурно и елегантно, не е едноставно. А модните трендови се почесто наметнуваат се повисоки и повисоки потпетици. Понекогаш, како на пример оваа сезона, со високите потпетици доаѓа и повисок преден дел кој сепак го олеснува движењето и чевлите или сандалките се постабилни.

За потопло време, посебно ако не сте многу стабилни на високи потпетици, подобро немојте да носите чорапи. Ако сте боси во сандалки со високи потпетици ќе одите посигурно.

Без разлика на вашиот стил кога сте со сандалки со високи потпетици внимавајте на вашите движења. Од една страна за да не паднете, а од друга ако се движите внимателно и елегантно тоа ќе го поправи комлетниот впечаток. Високите поптетици се секси и елегантни и во нив треба така да се однесувате.

|