Еден од најважните детали за ова лето е шеширот. Иако највпечатлива е Диоровата колекција, која изобилува со елегантни шешири, останатите дизајнери не заостанаа.
Без разлика дали шеширот го носите како моден додаток, или како заштита од сонцето, тој совршено ќе се вклопи во вашиот летен моден изглед.
Не морате да мислите каков да биде нивниот изглед, оваа сезона е важно да имате шешир. Нема да погрешите и ако изберете класичен шешир.

|