Силни бои, ретро изглед и линии се основа на трендот за лето 2008.
Племенските мотиви освен на облеката популарни се и на костимите за капење. Исто така атрактивни се и оние со леопардов и тигрест дизајн.
Ако не преферирате такви примероци, тогаш за вас се геометриски облици со асиметрични линии, за да бидете потполно во тренд.
Сите големини на точки на костимите за капење се исто така голем хит за ова лето.
Со боите не можете да погрешите, затоа што во мода е се, од црно и бело, до тиркизно и розово.

|