За лето 2008 во тренд се етнички мотиви наоблека, како и накит во тој стил. Сафари изглед, племенски мотиви, Јапонија или Мексико, одберете што сакате и прошетајте се низ градот во потполно нов стил.
Иако до сега ваквата облека можеше да се набави само на патувањата во овие земји, оваа сезона може да се најде кај многу од дизајнерите и во многу трговски куќи.

Сафари изгледот е идеален за оние кои не сакаат премногу да експериментираат, а сакаат да бидат во тренд. Нежни песочни и пустински бои, шешир, кратки пантолони и сукњии и веќе сте спремни за летото.

Можете да изберете и фустанче со закопчување во кремова боја. Предноста на овој стил е тоа што добро се вклопуваат шеширите, а вас добро ќе видојдат за заштита од сонцето. Исто така и ленот, кој и обично се практикува за во топлите денови, многу добро се вклопува во сафари стилот.
|