Пирсингот и тетоважите заминуваат во историјата, а ако сакате да бидете “во шема“, морате накит да вградите во – окото. Најновиот моден тренд во Холандија е очниот накит наречен “JewlerEye”. Тој накит го вградувале тамошните очни хирурзи во очната мембрана на шест жени и еден маж.
Таквата постапка, која била спроведена во Холандскиот инститит за иновативна очна хирургија во Ротердам вклучува внесување на 3,5 мм широко парче посебен накит, во облик на светликава полумесечина или срце во мембраната на окото под локална анестезија. Накитот се внесува во стерилни услови со употреба на операционен микроскоп, постапката трае околу 15 минути, а нејзината цена е од 500 до 1000 евра.
|