После неколку години доминација на долгата коса, кратката коса е повторно во мода.
Разбушавена, разлетана, која делува помалку неуредно се тренд оваа сезона. Женствен стил на кратка коса, со малку локни, ќе ви даде фризура која со малку труд ќе биде спремна за секаква пригода. Волуменот нагласете го со степени и различни нагласени должини на косата.
Ако имате кратка коса, а сакате промена само разбушавете ги врвовите и ќе добиете нова тренди фризура.
Боја за коса која се предложува за кратката коса е кафеавата.

|