Наочарите за сонце не се променија многу во однос на минатите сезони, тоа значи дека сеуште може да ги носите старите наочари за сонце. Но, за оние кои сакаат нови наочари за сонце, можат да одберат некои кои се карактеристични за оваа сезона за пролет лето 2008:
- Модерните женски наочари се се уште големи. Што поголеми тоа подобро. Тоа не е ништо ново, бидејќи во последните неколку сезони сите изгледаат како светските ѕвезди со големи темни наочари.
- Во однос на бојата во мода се темни наочари. Во мода се и наочари со бели рамки. Не е битно дали се округли или коцкести.
- Добро изгледа и ако на наочарите има драги камења, или нивна имитација, по рабовите на наочарите или на страните, но битен факт е да се видливи.
- Авијаторските наочари се се уште во мода.

|