Чантите за пролет-лето 2008 и понатаму се смалуваат. За вечерни излегувања се многу мали, а за преку ден големината на чантата ја избирате вие, според своите потреби и желби.
Што се однесува до боите, скоро и нема правила. Во мода се црна, бела, јаки бои, но и шарени чанти. Дури и тигрести и зебрести.
Ако сте повеќе за елегантен стил изберете бела или црна, тие одговараат на поголем дел од облеката.
Меѓутоа освен тоа што со нив можете да изгледате класично, ако ги искомбинирате со цветен фустан ќе добиете потполно нов изглед.
Од другите бои предлог се розова, портокалова, црвена и жолта. За разлика од претодните сезони, кога кафеавата боја беше резервирана за сезона есен-зима, сега оваа пролет е исто кака во мода.

|