Трендот за обувки за пролет и лето 2008 со еден збор може да се опише како шарен.Чевлите во живи бои со разни украси, како цвеќиња, на нив ќе бидат хит оваа сезона.

Дозволено е се, па затоа покажете посебност. Единствен проблем со изборот на чевли оваа сезона може да биде тоа како ќе ги вклопите чевлите со гардеробата. Како со нив да најдете чанта која ќе ви одговара, но и гардероба.

Ако не сте за цвеќе на чевлите тогаш друга опција се живите и јаки бои. Ваквите чевли ќе ви биде полесно да ги прилагодите на облеката.
Или едноставно изберете чевли кои се со различни текстури, комбинација од материјали и бои, поготово контрастни бои на рабовите во однос на главната боја.
 |