Кога влегуваме во некоја просторија или кога ќе видиме некој предмет првото нешто што го забележуваме е бојата. Очите боите ги перцепираат на посебен начин. Бојата може суптилно да влијае на доживувањето на некои ситуации, а може дури и да влијае на нашето психофизичко здравје. Бојата има моќ да ги поттикне емоциите, да влијае на начинот на размислување, но и на делување. Несвесно одговараме на влијанието на боите кои не опкружуваат, пример ѕидовите во домот, автомобилот или облеката. Боите со кои сте опкружени во текот на денот може да ве напреват среќни или тажни, уморни или витални, може дури да влијаат и на вашите работни навики.
Постојат повеќе начини за интегрирање на боја во својот живот. Облеката е еден од поедноставните начини.
Во различните култури на боите им се придавале одредени специфични значења. На пример во Кина сината е поврзана со безсмртноста, додека луѓето од средниот исток сината ја доживувале како боја која може да ги заштити. Црната во повеќето краеви означува жалост, а додека во некои земји младите се венчаваат во црна облека, како знак на радост.
Постојат исто така докази врз основа на испитувања на различни реакции на луѓето на одредена боја. На пример црвената возбудува и ја стимулира страста, но премногу црвено не прави нервозни и делува иритирачки. Во розово луѓето се чувствуваат сакано и заштитено. Жолтата го поттикнува оптимизмот, но прејака жолта не заморува. Боите имаат некои основни делувања.
Црната боја ќе ви помогне пред другите да се представите како водич.
Белата ќе ве ослободи од негативните мисли и чувството на депресија. Таа остава многу впечатлива појава. Избегнувајте ја во лежерни ситуации бидејќи може да прдизвика блага нервоза.
Ако се чувствувате осамени или тој ден ви е потребно да почуствувате љубов облечете се во облека со зелена боја.
Ако сте уморни и исцрпени, жолтата боја ќе ве освежи. Облечете се во жолто икога треба да донесете важни одлуки, бидејќи жолтата боја го разбиструва умот.
Црвената ќе влијае на вашата виталност. Исто така, црвената добро ќе ви дојде во ситуации кога треба да привлечете внимание и да бидете забележани.

Розевата боја делува смирувачки. Ја смалува нервозата и негативните емоции.
Портокаловата ќе ви ја подобри креативноста и односите со другите.
Сината боја ќе ве поттикне на искреност, на вас ќе влијае така да можете полесно да зборувате, но и да забележите дали другите ја зборуваат вистината.
Златната, сребрената и бронзената боја ја поттикнуваат критичноста и треба да ги избегнувате во ситуации во кои сакате да оставите добар впечаток.
|