Рачните часовници веќе некое време не се само нешто што ни го покажува времето, тие се модни додатоци кои ги следат трендовите и кои се комбинираат со облеката.
Порано часовникот беше траен, а сега независно од неговиот квалитет, секоја сезона се менуваат трендовите и повеќето жени со новата мода купуваат и нови часовници.
Моментално најмодерни се они часовници кои главниот дел им е опкружен со дијаманти, или со нивна имитација. Не се големи, нараквицата е по ваш избор,најчесто во облик на ланец со поголеми илипомали приврзоци во различни облици. Повторно се во мода ретро часовници во комбинација со златна и сребрена боја.
Од друга стана за жени денес се и типови на часовници кои претходно биле со машки дизајн. Тоа се поголемите часовници со технички додатоци, кои со мали варијации се прилагодени за жени, а одговараат дури и на фустан.
Ако е часовникот со широка нараквица без оглед на бојата, сте избрале топ модел за оваа сезона.
Секако се зависи од приликата за која го бирате часовникор, како и облеката која ја носите.
|