Повторно се во мода балонерки, но и јакни билошироки или со широк колан. Тоа се симпатични палта и балонерки, во главно до колена или малку пократки, а основа на трендот се палта со трапез крој и со многу волумен.
Сеедно е дали вашиот избор ќе биде долга балонерка со трапез линија и со два реда на копчиња или кратка јакна со еднакво широки ракави и како главен дел, битен е волуменот.
Волумен можете да добиете ако долниот дел ви е набран, со набрани ракави... но и со палтата кои се широки и во А крој.
За оние кои премногу го следат трендот палтата ќе бидат карирани, а можат да се одлучат и за црни, сиви или за која било друга тренди боја оваа сезона.
Палтата се воглавно од волна, кашмир, мешавина од волна и ангора, а најатрактивни се оние палта кај кои различните текстури се преклопуваат една преку друга давајќи богат изглед.
Балонерките можете де ги комбинирате со пантолони, сукњи, чевли и чизми, тие одат на се.

|